Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја неуспешно лансираше ракета, Белата Куќа го осуди потегот


Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека Северна Кореја не успеала. „Лансирањето ракета беше провокација со која ги прекрши своите обврски и ја загрози азиската безбедност „ рече Карни.
Тој додаде дека Северна Кореја продолжува да се изолира преку провокативни акти, и ги троши своите пари за оружје и пропаганда додека луѓето во оваа земја се гладни. Јужнокорејскиот министер за надворешни работи Ким Сунг-Хван лансирањето го нарече провокативен акт и додаде дека тоа јасно ја прекршило резолуцијата на ОН со која се забранува какво било лансирање и користење на ракетна технологија. Русија и Кина, кои остваруваат блиски врски со Пјонгјанг за разлика од други земји, се уште не реагираа на веста дека лансирањето не успеа. И покрај предупредувањата и апелите од многу земји, Северна Кореја продолжи со лансирањето ракети.
XS
SM
MD
LG