Достапни линкови

Египетскиот парламент ги скрати политичките права на приврзаниците на Мубарак


Египетскиот парламент усвои закон со кој на високите претставници на поранешниот режим на Хосни Мубарак им се одземаат политичките оправа за период од десет години.
Гласањето имало за цел да се спречи поранешниот потпретседател на Египет и поранешен шеф на разузнавањето Омар Сулејман да се кандидира на претседателските избори закажани за 23 и 24 мај.
За законот да стапи на сила, мора да биде ратификуван од воениот совет кој ја презеде власта по паѓањето од власт на Мубарак минатата година.
XS
SM
MD
LG