Достапни линкови

Карзаи размислува за предвремени избори во Авганистан


Хамид Карзаи

Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи соопшти дека ја разгледува можноста за промени или на распоредот за претседателските избори во 2014 година или пак за планираната реформа на безбедносните сили во Авганистан. Говорејќи на прес-конференцијата со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Кабул, Карзаи рече дека со таков потег ќе се избегне преоптоварувањето на земјата со истовремени промени.
Тој се двоуми дали изборите да се спроведат една година порано или тогаш да почне враќањето на меѓународните безбедносни сили во Авганиостан.
Карзаи изјави дека се уште нема конечна одлука за тоа, но и оти "тоа нема да се случи наскоро."
XS
SM
MD
LG