Достапни линкови

Обединетите Арапски Емирати го отповикаа амбасадорот од Иран


Обединетите Арпаски Емирати соопштија дека го отповикале нивниот амбасадор од Иран. Националните медиуми јавија дека одлуката доаѓа по посетата на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на спорниот остров Абу Муса во Персискиот залив. Според нив, амбасадорот Саиф мохамед Обаид ал Заби бил повикан на консултации. И Обединетите Арпаски Емирати и Иран тврдат дека островот Абу Муса е нивен.
XS
SM
MD
LG