Достапни линкови

„Единствен матичен број“ на Ацо Гогов


Единствен матичен број, збирка на кратки прози и куси раскази на Ацо Гогов.
Единствен матичен број, збирка на кратки прози и куси раскази на Ацо Гогов.

„Единствен матичен број“ е насловена втората книжевна објава на Ацо Гогов. Оваа збирка на кратки прози и куси раскази беше промовирана неодамна во родниот град на авторот Струмица.

Нецели три години по излегувањето на „Географија на маленкоста“, Ацо Гогов на македонската читателска публика и ја нуди својата нова литературна објава „Единствен матичен број“. Станува збор, како што вели авторот, за поетичко и жанровско надоврзување на претходното негово издание, но дека таа корелација во случајов е и на едно друго, поинакво ниво.
Односно на нивото на поетиката, или мојата фасцинација со оние минорни, периферни, вообичаени, банални детали на секојдневието кои мене како автор ме провоцирале и се обидов да ги трансформирам во книжевни текстови преку кои читателите ќе станат свесни токму за важноста или ќе добијат еден посебен агол на гледање на истите тие нешта кои во секојдневието не ги забележуваат.
Ацо Гогов, писател.

„Односно на нивото на поетиката, или мојата фасцинација со оние минорни, периферни, вообичаени, банални детали на секојдневието кои мене како автор ме провоцирале и се обидов да ги трансформирам во книжевни текстови преку кои читателите ќе станат свесни токму за важноста или ќе добијат еден посебен агол на гледање на истите тие нешта кои во секојдневието не ги забележуваат.“
Писателот Ацо Гогов.
Писателот Ацо Гогов.

Роден во Струмица каде „небото е исто што и отворена книга“, Ацо Гогов дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност(научна насока) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Објавувал книжевни и театарски рецензии во „Студентски збор“ и во магазинот „Пулс“, a публикувал студии и есеи во периодичните изданија како „Блесок“, „Акт“, „Современост“ и „Кинопис“.
Самиот творечки процес е доста непредвидлив, отаде рационалното, отаде сите оние наши намери и планови тоа на некој начин да го ставиме во одредени рамки, така што воопшто дури и не може да се рече на пример кога, за колку време и што би било тоа ново што јас како автор би го напишал.
Ацо Гогов, писател.

За неговото второ издание за книгоиздателството „Антолог“, Славица Гаџова ќе запише дека е збирка од одлични, семантички поливалентни и наративно изведени раскази кои носат свежина во современата македонска проза, а Владимир Мартиновски вели дека со неа добиваме можност за читателски средби со топлиот и непосреден глас на Ацо Гогов, како и со неговите раскошни раскажувачки светови.

Запрашан, пак, за своите натамошни творечки изблици писателот со објаснување:

„Самиот творечки процес е доста непредвидлив, отаде рационалното, отаде сите оние наши намери и планови тоа на некој начин да го ставиме во одредени рамки, така што воопшто дури и не може да се рече на пример кога, за колку време и што би било тоа ново што јас како автор би го напишал.“

Инаку, Гогов истакнува дека во Македонија во последно време континуирано се појавуваат млади автори кои на некој начин и се слични и различни меѓу себе. Тој вели дека генерализирање во смисла на подведување под некои групи или припадност кон одредена поетика е многу тешко да се стори, но дека со голо око може да се види оти ја нема некогашната расприкажаност што долго ја карактеризираше македонската проза.

„Се она што го пишуваат тие условно речено помлади автори, кои на некој начин пишуваат посублимирано, поконцизно. Многу повеќе се присутни цинизмот, пародијата и се она што би било на некој начин гледање на нештата од еден поинаков агол“, вели Гогов.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG