Достапни линкови

Институтот за старословенска култура во клиничка смрт


Институтот за старословенска култура во Прилеп.
Институтот за старословенска култура во Прилеп.

Институтот за старословенска култура во Прилеп е во клиничка смрт во однос на кадровската состојба, вели директорката Ели Луческа.

Институтот за старословенска култура, иако единствен во државата, се соочува со бројни проблеми, финансиски и кадровски. Бидејќи државата не оддвојува пари за финансирање на проектите на научините работници трпи науката, но трпи и семејниот буџет на останатите 11 вработени. Од друга страна, ако продолжи актуелната политика од Министерството кон оваа високо научна институција, демне опасноста да се стави катанец на вратите, за неколку години. Надлежните реагираат, бараат помош, зашто се чувствуваат немоќни да ги решаваат проблемот.
Денес кога се соочуваме со потребата за одбрана на нашиот културен идентитет, на нашиот македонски јазик, нашата историја и култура, ние немаме никакви финансиски средства да можеме сето тоа да го истражуваме и да го презентираме во другите земји.
Ели Луческа, директорка на Институтот за старословенска култура во Прилеп.

„Денес кога се соочуваме со потребата за одбрана на нашиот културен идентитет, на нашиот македонски јазик, нашата историја и култура, ние немаме никакви финансиски средства да можеме сето тоа да го истражуваме и да го презентираме во другите земји“, истакнува Ели Луческа, директорка на Институтот.
Ели Луческа, директорка на Институтот за старословенска култура во Прилеп.
Ели Луческа, директорка на Институтот за старословенска култура во Прилеп.

Таа додава дека во согласност со Законот за научно истражувачка дејност, научните работници мораат да работат за да ги соберат потребниот број на поени врз основа на наставно-научна, стручно-апликативна и организационо-развојна дејност, во услови кога Министерството не одвојува денар за оваа намена.
Значи ако колабираше во 2007 и 2008 година сега е во клиничка смрт во однос на кадровската состојба. Втора година наваму имаме 10 испразнети места, а исто така и во однос на техничкиот кадар, немаме шофер, немаме економ, немаме хигиеничар, немаме библиотекар.
Ели Луческа, директорка на Институтот за старословенска култура во Прилеп.

„Нас Министерството не не финансира, така да жртви се нашите деца и јас не знам дали нашите функционери од Владата одат на службени патувања и во земјата и во странство од сопствениот џеб, одделувајќи од устите на своите деца. Значи ние тоа го правиме за да можеме да го задржиме работното место“, акцентира директорката Луческа.

Според неа, сепак, најголем проблем за натамошниот опстанок на оваа научна установа е недостигот на кадри. Во моментов работат од минимум 30, само 11 научни работници, за една година тројца ќе се пензионираат, а по 7-8 години, ќе останат само тројца, зашто млади кадри не може да се вработуваат додека не станат доктори на науки.

„Значи ако колабираше во 2007 и 2008 година сега е во клиничка смрт во однос на кадровската состојба. Втора година наваму имаме 10 испразнети места, а исто така и во однос на техничкиот кадар, немаме шофер, немаме економ, немаме хигиеничар, немаме библиотекар.“

Според Луческа, во Институтот се наоѓа единствената специјализирана библиотека во Македонија со средновековна книжевност и литература, богата збирка на старопечатени книги и ракописи од 15, па се до 20-иот век. Се на се, коментира директорката, во државата се носат европски закони кои не кореспондираат со фактичката состојба на теренот. Затоа надлежните од повисоките инстанци треба да преземат мерки да ги ажурираат решенијата за оваа научна установа.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG