Достапни линкови

Примирјето во Сирија продолжува и покрај малите инциденти


Оштетени згради во немирите во Сирија

Оштетени згради во немирите во Сирија

Примирјето во Сирија продолжува и натаму, откако пред неколку часа стапи на сила и покрај извештаите за мали инциденти. Сириските организации за човекови права соопштија дека владините сили застрелале еден цивил на контролен пунк во покраината Хама.
Според активисти, две лица биле убиени кога војската ги нападнала опозициските демонстранти во Дамаск. Тие тврдат и дека владините сили не се повлекле од населените места, како што е пропишано во мировниот план на претставникот на ОН и Арапската лига Кофи Анан.
XS
SM
MD
LG