Достапни линкови

logo-print

Партизираноста го експлодира „Детонаторот“


Презентацијата на предмети запленети во акцијата „Детонатор“.

Презентацијата на предмети запленети во акцијата „Детонатор“.

„Детонатор“ произлезе од една долгогодишна партизираност на институциите, посочуваат познавачите.

Акцијата „Детонатор“ се шири и кон Охрид и Струга каде што е направен претрес во повеќе објекти и се пронајдени и запленети поголем број покер апарати. Се работи на целосно документирање на овој случај, велат од МВР. Денешното, пак, изведување пред истражен судија на командирот на полициската станица во Кочани, Ванчо Тодоровски следува по серијата разрешувања на негови колеги во повеќе полициски станици во источниот дел од земјава. Ваквиот исход како што потенцираат експертите произлегува од една долгогодишна партизираност на институциите.
Главна опасност за безбедносниот ситем е доколку дојде до негова партизација, наместо да се грижи за заштита на државата, тој фактички главната цел ја поставува на друга страна - да ја штити партијата, без разллика која партија е. Втора опасност е да не се дозволи да се криминализира безбедносниот систем.

„Главна опасност за безбедносниот систем е доколку дојде до негова партизација, наместо да се грижи за заштита на државата, тој фактички главната цел ја поставува на друга страна- да ја штити партијата, без разллика која партија е. Втора опасност е да не се дозволи да се криминализира безбедносниот ситем, а безбедносниот систем кај нас е еден дел државна институција, другиот дел е приватна безбедност, меѓу јавната и приватната нема хомогености и настанати се проблеми од сериозна природа“, изјави професорот од полициската академија Јордан Спасевски.

Таа партизираност и поставеност на институциите задолжени за безбедноста не создаде атмосфера на соработка меѓу граѓаните и институциите туку јаз и недоверба што му одговараше на развојот на криминалот, додава Спасевски.
Полициска акција „Детонатор“ во Виница и во Кочани.

Полициска акција „Детонатор“ во Виница и во Кочани.


Криминалот тоа го искористува. Кога ќе се организираат тие обично стануваат опасни за власта, за политичките структури
За аналитичарот Исмет Рамадани несомнено пред ваквиот криминал некој од надлежните институции на власта морал ако ништо друго да замижува подолго време.

„Криминалот тоа го искористува. Кога ќе се организираат тие обично стануваат опасни за власта, за политичките структури. И најверојатно тогаш се дејствува од страна на политиката и од највисоките раководни структури на Министерството за внатршни работи“, вели Рамадани.

Политичка одговорност мора да има, додаваат експертите, и таа неизбежно ќе следи по ваквите настани.

„Политичката одговорност очигледно ќе произлезе од самата општа ситуација. Политичка одговорност е еден фактор за оној што е на власт да не мисли дека во секоја ситуација е слободен и дека може да работи по свое“, вели Спасевски.

Рамадани додава дека одговорноста ќе мора да се бара до највисоките структури на власта и без оглед со кои политичкли структури ќе се поврзува мора да се постави пред највиските структури во министерството за внатрешни работи.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG