Достапни линкови

Непримерно е владиците да бистрат политика


Свештениците се редовен декор на поставувањето на камен темелници.

Свештениците се редовен декор на поставувањето на камен темелници.

Пораките од религиозните лидери со кои се мешаат во политиката се несвојствени и непримерни, велат експертите.

Последното обраќање на митрополитот Агатангел, во кое покрај обидот да ја објасни појавата во црквата Св. Димитрија како чудо, тој обвинува политичари за забраната на веронауката, за младите архитекти кои се спротиставија на градењето црква на плоштадот Македонија и друго, предизвика реакции кај македонската јавност.
Значи било да се меша државата во работата на црквата како што имавме случаи, преставува некаква црковна агенда од дневна политика, не зборам за национални интереси, некогаш некој страда во таа приказна.

Упатените велат дека ваквите пораки од религиозните лидери и нивното мешање во политиката е несвојствено и непримерно. Вистинската мисија на секој свештеник е со своето однесување да не повреди чувства на никој, а најмалку на своите сограѓани, вели теологот Даниел Димовски. Според него, ваквите говори можат да предизвикуваат големо разочарување кај македонските верници.

„Најголемата штета е тоа ако се предизвика разочарување кај било кој еден верник е ненадоместлива штета, не мора да се повеќе“, изјави Димовски.
Во тоа обраќање на тие луѓе не треба да постои обвинување, завземање на страна, треба да биде повеќе за смирување, за упатување кон еден соживот за различните интереси на луѓето.

И универзитетскиот професор Илија Ацески смета дека говорот на свештеникот е директно мешање во политиката, а тоа според него може да биде опасно за едно мултирелигиско општество.

„Во тоа обраќање на тие луѓе не треба да постои обвинување, заземање на страна, треба да биде повеќе за смирување, за упатување кон еден соживот за различните интереси на луѓето.“

Во Уставот се вели дека верските заедници треба да бидат аполитични, но не може да се каже дека влијанието на политика врз верските заедници не постои или не се чувствува секојдневно.
Верници од цела Македонија доаѓаат во скопската црква Свети Великомаченик Димитрија и во редици чекаат да ја видат, како што велат во МПЦ, несекојднеаната појава на самопрочистување на фреските.

Верници од цела Македонија доаѓаат во скопската црква Свети Великомаченик Димитрија и во редици чекаат да ја видат, како што велат во МПЦ, несекојднеаната појава на самопрочистување на фреските.


„Значи било да се меша државата во работата на црквата како што имавме случаи, преставува некаква црковна агенда од дневна политика, не зборам за национални интереси, некогаш некој страда во таа приказна“, вели Димовски.

И професорот Ацески се согласува дека упадот на религијата во државните работи и обратно носи негативни последици.

„Во македонскиот контекст тоа води кој една дезинтеграција, дезорганизација би рекол, тука политичкото ја добива својата една страна од страна на овие верски, религиски лидери.“

Според аналитичарите искуството од минатото покажува дека верските заедници се особено интересни за политиката, бидејќи имаат големо влијание врз граѓаните и гласовите кои ги добиваат пред избори.

Колкава е блискоста меѓу религијата и политиката може да се види и преку примерите на присуство на верските лидери во близина на моќни политичари. Не ретко, заклучуваат експертите, религиозните лидери покажуваат интерес за дневно-политички прашања и може да се види дека се изјаснуваат за определена политика или законско решение за кое сметаат дека е дел од концептот за грижа за нивните верници.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG