Достапни линкови

logo-print

Американскиот дефицит помал од лани


Американскиот буџетски дефицит во првите шест месеци од оваа фискална година е помал од ланскиот, соопшти министерството за финансии. Сепак, како што е наведено, дефицитот и натаму, како и во последниве четири години, ќе биде поголем од илјада милијарди долари. Во првата половина на тековната фискална година, која почна на први октомври, дефицитот изнесува 779 милијарди долари што е за над 6 насто помалку од претходната година.
XS
SM
MD
LG