Достапни линкови

Примирје во Сирија


Хомс, април 2012.

Хомс, април 2012.

Примирјето во Сирија влезе во сила и нема извештаи за поголеми насилства. Дамаск вети дека ќе ги запре сите воени операции, но соопшти дека ќе го задржи правото да одговори на евентуален напад од бунтовничките сили. Тие исто така ветија дека ќе ги запрат нападите.

Со мировниот план на специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига Кофи Анан се бара од Дамаск да ги повлече трупите и тенковите од градовите. Тоа требаше да се случи пред два дена, но режимот на претседателот Башар ал Асад не најави дали сега ќе го направи тоа.

Претседателот Башар ал Асад со муслимански свешетенци во Дамаск 11 април 2012.

Претседателот Башар ал Асад со муслимански свешетенци во Дамаск 11 април 2012.

Официјален Вашингтон не е уверен дека Асад ќе го одржи неговиот збор.

„Нека ни е јасно што се случува. Борбите продолжуваат додека ние тука разговараме. Тие се интензивираат. Затоа ветувањата на Дамаск имаат мал или никаков кредибилитет“, изјави американскиот амбасадор во Обединетите нации Сузан Рајс.

Во Вашингтон шефовите на дипломатиите на Г8 разговараа за сиријската криза и притоа изразија очекување дека Русија ќе изврши поголем притисок врз Асад.
Борбите продолжуваат додека ние тука разговараме. Тие се интензивираат. Затоа ветувањата на Дамаск имаат мал или никаков кредибилитет.

На пат за Техеран, Кофи Анан пак, побара од Иран да помогне во решавањето на кризата при што предупреди на невидени последици доколку таа ескалира.

„Ако се држиме заедно, го поддржиме овој процес и работиме со Сиријците, би требало да бидеме способни да најдеме решение. Благодарен сум за поддршката на Иран со оглед на специјалните односи со Србија и верувам дека Иран може да биде дел од решението.“

Кофи Анан и Али Акбар Салехи во Техеран

Кофи Анан и Али Акбар Салехи во Техеран

Шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи изјави дека на Асад би требало да му биде дадена шанса да направи промени и побара да нема странско мешање во Сирија.

Меѓу помоќните поддржувачи на Дамаск се Москва и Пекинг кои ставија вето на две резолуции во кои се осудува Сирија за насилно справување со опозицијата и со протестите против режимот на претседателот Асад.

Обединетите нации соопштија дека околу 9 илјади луѓе загинале од почетокот на протестите пред повеќе од една година.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG