Достапни линкови

Курти: НАТО да ги спречи инцидентите на северот на Косово


Албен Курти

Албен Курти

НАТО и КФОР треба веднаш да се распоредат во северниот дел на Косово за да ги спречат понатамошните инциденти и етничкото чистење на Албанците, се наведува во писмото на лидерот на „Самоопределување“ Албен Курти испратено до генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен и командантот на КФОР Ерхард Древсу. Курти наведува дека Албанците на северот на Косово се без институционална заштита и во немилост на илегалните структури на Белград, кои продолжуваат да користат сила за да ги заплашат и да ги натераат да ги напуштат своите домови.
XS
SM
MD
LG