Достапни линкови

Сирија: мировниот договор стапи во сила


Мировниот договор денеска стапи во сила во Сирија, јавуваат новинските агенции, заклучувајќи по мирното утро во кое не се евидентирани насилни инциденти. Дамаск вети дека ќе ги запре воените акции во средата но соопшти дека ќе го задржи правото да одговори на евентуален напад од бунтовничките сили. Според првичниот договор со меѓународниот претставник Кофи Анан, Дамаск требаше да ги повлече своите војници уште во вторникот, но тоа и покрај тоа борбите продолжија. Вашингтон е скептичен дека сириската власт ќе го исполни ветувањето за целосен прекин на огнот.
XS
SM
MD
LG