Достапни линкови

Дводневен состанок на Г8 во Вашингтон


Хилари Клинтон и Сергеј Лавров

Хилари Клинтон и Сергеј Лавров

Министрите за надворешни работи на земјите од Г8 ќе одржат дводневен состанок во Вашингтон, соопшти Стејт Департментот. Во соопштението е наведено дека главни теми ќе бидат кризата во Сирија, Северна Кореја и нејзините планови за лансирање ракета, како и состанокот на светските лидери, закажан за викендов во Истанбул, каде што ќе се зборува за иранската нуклеарна програма. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека планира да го „притисне“ рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров поради континуираната поддршка на Москва кон Дамаск, и покрај неуспехот на Сирија да се придржува до мировниот договор со ОН. Американскиот претседател Барак Обама следниот месец ќе биде домаќин на состанокот на претседателите на земјите од Г8.
XS
SM
MD
LG