Достапни линкови

САД се сомнева во искреноста на Сирија


Соединетите држави изразија резервираност во врска со веродостојноста на ветувањето на сириската влада дека ќе го почитува договорот и од 6 часот денеска ќе го прекине огнот. Американскиот амбасадор во Обединетите Нации Сузан Рајс синоќа во Њујорк изјави дека „ борбите во Сирија се одвиваат додека ние зборуваме, што значи дека се интезивира насилството во земјата.“ Таа додаде дека токму затоа ветувањата на Дамаск имаат мала кредибилност.
Специјалниот преставник во Сирија на Обединетите Нации и Арапската лига Кофи Анан изјави дека властите во Дамаск го информирале дека в четврток ќе престанат сите воени акции во земјата.
Сириската влада соопшти дека го задржува правото да одговори на какви било напади од бунтовничките сили.
Ова соопштение следува по тврдењето на активисти за човекови права дека вчера загинале најмалку 12 луѓе при напади на владините сили.
XS
SM
MD
LG