Достапни линкови

Северна Кореја подготвена за лансирање ракета


Северна Кореја може денеска да ја лансира ракетата во вселената, но Пјонгјанг не го соопшти точниот датум кога ќе го стори тоа. Вчера севернокорејските власти соопштија дека ракетата е подготвена за лансирање. Соединетите држави и нивните сојузници се сомневаат дека лансирањето на ракетата, претставува тест на ракета со долг дострел, нешто што на земјата и е забрането од Обединетите Нации. Пјонгјанг тврди дека со лансирањето на ракетата во вселената се испраќа комуникациски сателит за метеоролошки податоци.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја предупреди Северна Кореја да не го спроведе лансирањето затоа што тоа ќе преставува директна закана за регионалната безбедност.
XS
SM
MD
LG