Достапни линкови

Средба на Квартетот за Блискиот Исток во Вашингтон


Меѓународните посредници во мировниот процес на Блискиот Исток денеска се сретнаа во Вашингтон во обид да го оживеат процесот меѓу Палестинците и Израелците. Таканаречениот „квартет“ составен од Европската Унија, Русија, САД и Обединетите Нации, ги повикаа двете страни да постигнат мировен договор до крајот на годинава. Во заедничкото соопштение по средбата меѓународната „четворка“ ја критикува изградбата на израелските населби и ги повика донаторите да ги исполнат ветувањата за помош за Палестинците. Израелскиот и палестинскиот премиер треба да се сретнат во следната недела. Мировните разговори беа прекинати во 2010 година поради одбивањето на Израел делумно да го запре процесот на изградбата на спорните населби.
XS
SM
MD
LG