Достапни линкови

Министерот Попоски во Брисел


Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во својот говор на конференцијата во Брисел „Балканот на патот кон европската интеграција“ повика на што поскоро започнување на пристапните преговори на Македонија со Унијата. Тој изјави дека натамошното одлагање на донесувањето на одлуката нема да придонесе во напорите за решавање на спорот со името, туку напротив почетокот на пристапните прговори може само да помогне во тоа, јави новинската агенција МИА. Министерот Попоски по конференцијата се сретна со известувачот за Македонија во ЕП, како и со генералниот директор за проширување на Европската комисија, Стефан Санино.
XS
SM
MD
LG