Достапни линкови

Велигден го враќа Охрид во живот


Според најавите на туристичките работници, Охрид ќе биде солидно посетен за велигденските празници, иако можеби не како во минатото.

Престојните велигденски празници се очекува да го вратат нашиот најголем туристички центар Охрид во живот. По зимското сивило, вториот Ерусалим, според најавите на туристичките работници, ќе биде солидно посетен, иако можеби не како во минатото. Хотелите ќе бидат подпросечно исполнети, и според информациите од Здружението на хотелиери Хотам, нивната пополнетост е околу 40 отсто. Најбројни ќе се гостите од соседството, а меѓу нив ќе доминираат Грците и Бугарите.

Претежно имаме гости од Грција, имаме една помала група од 15-тина души од Германија и неколку индивидуалци од Јапонија.
Драгица Костоска, хотелот Милениум.
„Претежно имаме гости од Грција, имаме една помала група од 15-тина души од Германија и неколку индивидуалци од Јапонија“, вели Драгица Костоска од хотелот Милениум.

„Претежно се од Бугарија, од Грција, од Албанија ќе има некои гости, тие што го прославуваат православниот празник“, вели сопственикот на хотел Ројал, Сотир Сотироски.

Олег Маленко, сопственик на туристичка агенција, вели оти радува податокот што Велигден во Охрид ќе го дочекаат голем број и на домашни гости.
Очекуваме дека конечно ова сивило, ова мртвило што го зафати Охрид оваа зима ќе биде надминато. Се надеваме дека за велигденските празници ќе има малце зголемување на прометот.
Роза Камнар, угостителка.

„Охрид е посетен за секој празник, пред се најповеќе од домашните гости кои традиционално доаѓаат во Охрид. Исто во Охрид за тој празник доаѓаат и Грците масовно и оваа година ќе бидат тука, добро е што тие се вратија. Ќе има и во приватното сместување и во хотелските капацитети.“

Од престојниот празник очекуваат многу и угостителите. На повеќе промет и гости се надеваат и тие. Роза Камнар е сопственик на угостителски објект во Охрид:

„Очекуваме дека конечно ова сивило, ова мртвило што го зафати Охрид оваа зима ќе биде надминато. Се надеваме дека за велигденските празници ќе има малце зголемување на прометот.“

Сепак, гужва за Велигден ќе направат најмногу битолчани и Скопјани кои имаат свои викенд станови во Охрид, а адут плус за тоа е и продолжениот викенд од петок до понеделник.

И во соседна Струга ќе има гости за Велигден. Но таму пак главен проблем за хотелиерите е откажувањето во последен момент на групи од соседна Грција. Билјана Тодороска од Хотелот Дрим вели дека поради економската криза и покрај претходно букираните аранжмани речиси половина од најавените тури со Грци го откажале доаѓањето во Струга. Во меѓувреме, откажувањата од Грците до некаде ги надокнадивме со групи од други држави, а за останатите слободните места во хотелот на домашните туристички агенции им понудивме поволни „Last Minute“ дводневни и тродневни аранжмани во кои е вклучена и свечена велигденска вечера, рече Тодороска.

Инаку гостите кои за Велигден ќе бидат покрај Охридското Езеро, Христовото восекресение ќе може да го дочекаат во еден од многубројните храмови. Главната богослужба ќе се одржи на Плаошник каде редовно секоја година се присутни голем број граѓани меѓу кои бројни бизнимсени и политичари. Цените по хотелите и првиватното сместување се движат од 10 до 50 евра во зависност од аранжманот.
XS
SM
MD
LG