Достапни линкови

Тешко до информација од јавен карактер


Затвореност на институциите и недоволно користење на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Тешко се стигнува до суштинска информација од институциите во Македонија поради затвореноста на институциите и недоволната искористеност на алатката за слободен пристап до инфомациите од јавен карактер од страна на новинарите. Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Причините поради кои новинарите недоволно го користат законското право за пристап до инфомации од јавен карактер е нивната недоверба во институциите дека ќе одговорат за 30 дена, ограничената транспарентност на институциите и селективното и нецелесно одговарање на прашања како и долгиот рок предвиден со законот, во кој институцијата е должна да одговори.
Досегашните наоди даваат доволно аргументи во прилог на оценката дека слободниот пристап до инфомации е на пат да атрофира како инструмент доколку се продолжи со досегашната пракса на однесување. Државните институции секако се потешко ќе се откажуваат од лагодната позиција на пласирање само на оние информации кои одат во прилог на нивните интереси, а кои не секогаш соодвествуваат со интересите на граѓаните.

„Досегашните наоди даваат доволно аргументи во прилог на оценката дека слободниот пристап до инфомации е на пат да атрофира како инструмент доколку се продолжи со досегашната пракса на однесување. Државните институции секако се потешко ќе се откажуваат од лагодната позиција на пласирање само на оние информации кои одат во прилог на нивните интереси, а кои не секогаш соодвествуваат со интересите на граѓаните“, вели Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации.

Членот на комисијата за заштита на правото за слободен пристап до инфомации Бобан Пановски не се согласува со критиката на новинарите и на невладините организации и смета дека тие критикуваат нешто што не го користат.

„Вашите колеги го користеле законот, тоа комисијата не го гледа, правото на жалба едноставно не го користат. Во комисијата досега од новинари имало две жалби коишто се однесувале на заштита на кучиња скитници. Од околу 2.500 предмети, за два предмети се поднесени жалби, што би се земале како статистичка грешка. Едноставно не се користи жалбата, критикувате нешто што не го користите.“
Само навидум делува цинизам да барате од новинарите да се бунтуваат, да го ползуваат правото за пристап до инфомации од јавен карактер и да со тоа евентуално го загрозат своето работно место. Велам навидум затоа што секој професионалец кој што денеска е приморан да работи во услови на „молчи и не бранувај“ знае колку скапа цена е тоа. Тоа е скапа цена што ние секојдневно ја плаќаме, мислам тие што се уште имаат работа.

Од друга страна, пак, Данче Данаилова Бајдевска од Институтот отворено општество вели дека Македонија е традиционално затворено општество, затоа што ако институциите се отворени тогаш нема да има има потреба да се дојде до степенот на поднесување жалба.

„Значи, намалувањето на буџетот за 30 проценти од моментот на основањето на комисијата е одлика на немањето волја во државата, општеството да биде отворено и новинарите да имаат пристап до информации. Значи комисијата за ваша информација година дена работи само со тројца од можни 5 членови. Знаете зошто, затоа што собранието не ги бира другите двајца.“

Претседателката на Синдикатот на новинари Тамара Чаусидис вели дека новинарите знаат да постават вистински и навремени провокоативни прашања, но проблемот е во условите во кои работат и стравот што го го имаат дека ќе бидат етикетирани како непријателски новинари и тоа ќе има проследици по нивното работно место.

„Само навидум делува цинизам да барате од новинарите да се бунтуваат, да го ползуваат правото за пристап до инфомации од јавен карактер и да со тоа евентуално го загрозат своето работно место. Велам навидум затоа што секој професионалец кој што денеска е приморан да работи во услови на „молчи и не бранувај“ знае колку скапа цена е тоа. Тоа е скапа цена што ние секојдневно ја плаќаме, мислам тие што се уште имаат работа.“

На денешната дебата посветена на искористеноста на законот за слободен пристап до инфомации од јавен карактер присуствуваше и евроамбасадорот Аиво Орав, кој вели дека ЕУ ја поздравува имплементацијата на законот, но Владата се уште треба да го зајакне инструментот за да се овозможи целосна транспарентност.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG