Достапни линкови

Ставревски задоволен од интересот на бизнис форумите во Русија


Министерот за финансии Зоран Ставревски

Министерот за финансии Зоран Ставревски

Министерот за финансии Зоран Ставревски изјави денеска дека интересот на бизнис формите во Русија на кои беа презентирани можностите за инвестирање во Македонија бил добар. Тој изрази очекување дека во наредниот период ќе имаат директни средби со руските бизнисмени, а македонските компании ќе ја искористат можноста да ги пласираат нивните производи во Русија.
Ставревски при завршувањето на форумот во Сочи додаде дека градот, кој ќе биде домаќин на Олимпијадата во 2014 година, е шанса за извоз на македонските земјоделски производи и можност за градежните компании да се вратат на тој пазар.
XS
SM
MD
LG