Достапни линкови

Конференција за лицата без лични документи


Се намалува бројот на таканаречените лажни азиланти кои доаѓаат од Република Македонија, по добивањето на визната либерализација, но тоа не би може целосно да не остави мирни во смисла на тоа дека треба да се престане со мерките кои се преземаат, децидна е министерката за внатршни работи Гордана Јанкулоска.

Непоседувањето документи за лична идентификација, што претставува неможност за остварување на правата на Ромите согласно важечките закони, беше темата на денешната Регионална конференција за декадата за инклузија на Ромите 2005 - 2015 година, што се одржа во Скопје. Се проценува дека во светот 12 милиони индивидуи немаат националност или државјанство.
Повеќедецениското прашање за бројот на лицата за кои не постои евиденција, конечно ќе биде затворено и државата ќе има целосна евиденција, а што можеби е поважно е тоа што тие врз основа на документите кои се во постапка на издавање ќе може да ги остваруват правата кои законите во Македонија ги гарантираат.
Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.

Владата е фокусирана на овој чувствителен проблем, а со колективната ангажираност, нагласи министерот без ресор и национален координатор за декадата Неждет Мустафа, е постигнат исклучително добар резултат.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски укажувајќи дека сериозно се работи на решавање на овој проблем, информира дека изминатиот период се идентификувани 335 лица кои немаат лични документи, од кои за 55 е завршена постапката, а за 120 постапката е во тек.

„За 66 лица е утврдено дека ќе треба да се прави ДНК анализа за идентификвуање на крвното сродство со други членови на семејството. Најверојатно целиот трошок што е потребен за оваа ДНК анализа ќе потпадне под МТСП“, изјави министерот Ристовски.
ЕУ забележа дека постои забавување на интеграцијата на Ромите во споредба со минатата година. Ромите треба заедно со сите граѓански општества да вложат напори и да се залагаат за да се надминат проблемите со кои се соочуваат на сите нивоа.
Аиво Орав, амбасадор на ЕУ.

Рурална ромска населба Три Багреми во Прилеп.
Рурална ромска населба Три Багреми во Прилеп.
Според ресорниот министер, во Македонија не постојат прецизни податоци за бројот на лица кои немаат лични документи, а како причина се наведува неинформираноста, но и финансиската состојба на ромската етничка заедница.

Прашањето за лицата без документи, потенцира министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и утврдувањето на идентитетот на секој поединец кој постојано престојува во Македонија, а потоа зависно од исполнувањето на условите и определувањето статус на државјанство, подвлече, е од суштинскот значење не само за остварување на нивните права, туку и за исполнување на обврските на овие лица кон државата во која живеат.
Лицата без документи немаат пристап до основните човекови права, а тоа не е прифатливо во 21 век во Европа. Се проценува дека околу 20 илјади луѓе се соочуваат со овој проблем во Југоисточна Европа, затоа владите се посветија на преземање мерки и меѓународна соработка во однос на ова прашање.
Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Македонија.

„Повеќедецениското прашање за бројот на лицата за кои не постои евиденција, конечно ќе биде затворено и државата ќе има целосна евиденција, а што можеби е поважно е тоа што тие врз основа на документите кои се во постапка на издавање ќе може да ги остваруват правата кои законите во Македонија ги гарантираат“, рече Јанкулоска.

Таа информира дека во периодот од 1992 година заклучно со март годинава со македонско државјанство се стекнале над 2.600 граѓани од ромска националност, додека од почетокот на проектот „нови лични документи“ односно од октомври 2007 година до 3-ти март 2012 година се издадени 1.711 лични карти, во кои личното име е запишано покрај на македонски и на ромски јазик, потоа 3.419 патни исправи односно 461 возачки дозволи. Лани се донесени решенија со кои на вкупно 684 лица им е продолжено правото на престој поради признаено право на азил заради супсидијарна заштита, а станува збор за лица кои во Македонија престојуваат по основ од Косовската криза во 1999 година односно лица Роми, Ашкали или Египќани од Косово. Во периодот од 2003 до 2012 на 22 лица од Косово им е признаен статус „бегалец“. Околу 200 лица поседуваат посебни идентификациски документи (жолти картони), кои се важечки се до поднесување барање за доброволно враќање во матичната држава.

Евроамбасадорот Аиво Орав, во обраќањето на конференцијата, меѓу другото посочи дека ЕУ ја набљудува и врши проценка на ситуацијата со Ромите во рамки на извештаите кои се изработуваат за државите.

„ЕУ забележа дека постои забавување на интеграцијата на Ромите во споредба со минатата година. Ромите треба заедно со сите граѓански општества да вложат напори и да се залагаат за да се надминат проблемите со кои се соочуваат на сите нивоа“, рече амбасадорот Орав.

Според шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Ралф Брет, земјите од регионот треба повеќе да се посветат на подобрување на ситуацијата на Ромите, вклучувајќи го и прашањето за добивање лични документи.

„Лицата без документи немаат пристап до основните човекови права, а тоа не е прифатливо во 21 век во Европа. Се проценува дека околу 20 илјади луѓе се соочуваат со овој проблем во Југоисточна Европа, затоа владите се посветија на преземање мерки и меѓународна соработка во однос на ова прашање“, посочи Брет.

Се намалува бројот на лажни азиланти

Се намалува бројот на таканаречените лажни азиланти кои доаѓаат од Република Македонија, по добивањето на визната либерализација, но тоа не би можело целосно да не остави мирни во смисла на тоа дека треба да се престане со мерките кои се преземаат, децидна е министерката за внатршни работи Гордана Јанкулоска.
„Напротив, ќе продолжиме да работиме со ист интензитет како што тоа го
правевме и во изминатитаа 2011 година кога Република Македонија како одговор на проблемот што се појави презеде низа мерки и во делот на превентивата, но и во делот на репресивното делување“, изјави Јанкулоска денеска по завршувањето на регионалната конференција за Декадата за инклузија на Ромите 2005 -2015 година.
Таа потенцира дека во делот на превентивното делување, Владата преку надлежните институции водеше интензивна кампања на терен, при што што беа посетени огромен број населени места, главно населени со Роми, но и голем број општини низ Македонија, со цел граѓаните да се информираат за суштината и содржината на визната либерализација. Направени се и одредени измени во законската регулатива, при што се предвидени построги санкции за оние кои ќе ја злоупотребат визната либерализација, меѓу кои и одземање на патната исправа ако се утврди дека лицето врши злоупотреба, како и повеќегодишна казна затвор за оние кои се јавуават како организатори на групите „лажните азиланти“ и за оние кои ги доведуваат во заблуда граѓаните кои од кои било причини се одлучиле на таков чекор.
„Преземени се и низа репресивни мерки. Освен повеќе кривични пријави за автопревозниците и туристичките агенции и парични казни кон овие правни лица, поголем број граѓани на Република Македонија, кои не беа во можност да ја докажат целта на патувањето не можеа да ја напуштат земјата, бидејќи полициските службеници согласно шенгенскиот код и Законот за надзор на државаната граница проценија дека причините заради кои тврдат дека патуваат не се доволно оправдани односно не биле во состојба да приложат докази а тоа“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
XS
SM
MD
LG