Достапни линкови

Путин бара обединување на политичките сили во Русија


Владимир Путин, во своето последно обраќање пред Праламентот како премиер, повика на обединување на сите политички сили за мирен развој на земјата. Неговиот мандат како премиер тој го оцени како успешен, наведувајки дека донел стабилност, подобрување на животниот стандард и намалување на инфлацијата. Путин нагласи дека парламентарните и претседателските избори завршија и оти протестите и политичките тензии треба да завршат, а сите да се фокусираат врз меѓусебната соработка во интерес на Русија. Путин е избран за претседател на Русија, а инаугурацијата е закажана за 7-ми мај.
XS
SM
MD
LG