Достапни линкови

Хашим Тачи побара од Бан Ки Мун членство на Косово во ОН


Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Mун и косовскиот премиер Хашим Тачи разговараа во Њујорк за најновите случувања на Косово, а Тачи информирал за тензиите во Митровица“, сооопшти кабинетот на косовскиот премиер. Тачи им се заблагодарил на „ОН и на генералниот секретар заради одбивањето да се организираат српските избори на Косово“. Тачи истакнал дека неговата и визијата на владата на чие чело се наоѓа е целосна интеграција на Косово и целиот регион во ЕУ и НАТО, додавајќи дека очекува „во не така далечна иднина Косово да биде членка на ОН“, се наведува во соопштението. Тачи побарал и лична поддршка од Бан Ки Мун, на косовските спортисти да им се овозможи да учествуваат на Олимписките игри во Лондон, се додава во соопштението.
XS
SM
MD
LG