Достапни линкови

Во Вашингтон средба Бесими - Рикер


Министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими вчера во Вашингтон се сртена со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер и со директорот задолжен за европски прашања во Советот за национална безбедност Рик Холдзапел. Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбите министерот Бесими се осврнал на одличната соработка меѓу Македонија и САД во сферата на одбраната и безбедноста, и воедно изразил благодарност за отворената и континуирана американска поддршка за процесот на евроатлантска интеграција.
XS
SM
MD
LG