Достапни линкови

Во САД формирана Коалиција на Југоисточна Европа


Архивска фотографија: Претседателот на Турската коалиција од Америка, Линколн Мекарди и претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски.

Архивска фотографија: Претседателот на Турската коалиција од Америка, Линколн Мекарди и претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски.

Станува збор за партнерство на организации на дијаспората во Соединетите Држави кои потекнуваат од регионот.

Обединетита македонска дијаспора соопшти дека во Соединетите Држави е формирана Коалиција на Југоисточна Европа. Станува збор за партнерство на организации на дијаспората во Соединетите Држави кои потекнуваат од регионот. Во Коалицијата се организации од Македонија, Бугарија, Босна, Хрватска и Турција.

Претседателот Обама да осигура дека вратата на НАТО останува отворена за земјите од Југоисточна Европа, најпрвин со покани за членство на Македонија и Црна Гора, како и со акциони планови за членство на Босна и Херцеговина и Грузија.
Формирањето е поврзано со Форумот на глобалната дијаспора што американската државна секретарка Хилари Клинтон го организира во мај минатата година.

Организаторите се надеваат дека ќе придонесат за подобрување на американската надворешна политика која ќе ги одразува заедничките цели на нивните етнички заедници во Соединетите Држави, во контекст на заедничките американски вредности.

Во својата прва заедничка акција, Коалицијата испрати писмо до претседателот Барак Обама во кое се бара тој да покаже лидерство во врска со проширувањето на НАТО на претстојниот самит на Алијансата во Чикаго.

Во писмото се наведуваат информации за Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, нивните аспирации кон НАТО и пречките на кои се соочуваат на тој пат.

Во писмото исто така се сумира желбата на секоја земја за членство во НАТО и нивната решеност да станат полноправни членки на Алијансата.

Тие бараат од претседателот Обама да осигура дека вратата на НАТО останува отворена за земјите од Југоисточна Европа, најпрвин со покани за членство на Македонија и Црна Гора, како и со акциони планови за членство на Босна и Херцеговина и Грузија.

Американското лидерство во врска со ова прашање ќе ја унапреди демократската безбедносна зона во Југоисточна Европа и ќе помогне во зајакнувањето на регионалната стабилност и просперитет.

Таквото водство, исто така, ќе испрати силен сигнал до другите земји во регионот дека вратата на НАТО останува отворена за нив, откако ќе ги исполни сите наведени барања, се наведува во писмото испратено до претседателот Барак Обама.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG