Достапни линкови

Претседателот Иванов на Евро-азијски економски самот во Истанбул


Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денеска ќе се обрати на отворањето на 15-от Евроазиски економски самит, што се одржува во Истанбул во организација на Мармара фондацијата. Во фокусот на на форумот се економијата, екологијата и одржливиот развој, со акцент на периодот по економската криза. Ова е трето учество на Иванов на Евроазискиот економски форум. Тој во Истанбул е придружуван од сопругата Маја Иванова, која ќе има обраќање на женската сесија на тема „Жените во 2012 – Потрага по иднината“. Во македонската делегација се и министрите за економија Ваљон Сарачини, за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и министерот без ресор Хади Незир.
XS
SM
MD
LG