Достапни линкови

Клинтон ја повика Северна Кореја да не лансира ракета


Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон ќе покрене соодветна акција во Советот за безбедност на ОН доколку Северна Кореја го спроведе планот за лансирање на ракета со долг дострел. Таа рече дека ако Пјонгјанг сака мирна и подобра иднина, не треба да го лансира проектилот. Клинтон нагласи дека тоа би било директна закана за регионалната безбедност и кршење на постојните резолуции на Советот за безбедност.
Официјални севернокорејски претставници вчера изјавија дека ракетата изградена да понесе сателит во вселената е подготвена за лансирање кое ќе биде реализирано во текот на оваа недела.
XS
SM
MD
LG