Достапни линкови

Анан во Техеран на разговори за Сирија


Кофи Анан

Кофи Анан

Продолжуваат дипломатските активности околу Сирија по игнорирањето на Дамаск на крајниот рок за повлекување на војниците и тенковите од градовите. Меѓународниот пратеник за Сирија Кофи Анан пристигна во Техеран на разговори со иранските лидери. Иран е еден од неколкуте преостанати сојузници на Сирија.
Анан претходно побара од сириските власти до утре изутрина да ги повлечат трупите во касарните и да го запрат насилството на улиците во градовите.
Во меѓувреме американскиот државен секретар Хилари Клинтон најави дека ќе разговара со својот руски колега Сергеј Лавров, а амбасадорот во ОН Сузан Рајс изјави дека членките на Советот за безбедност изразиле загриженост околу односот на Сирија спрема прекинот на огнот.
XS
SM
MD
LG