Достапни линкови

logo-print

Фејт: корупцијата ја загрозува косовската економија


Питер Фејт

Питер Фејт

Претставникот на меѓународната цивилна канцеларија во Приштина Питер Фејт оценува дека економијата во Косово трпи како последица на корупцијата.
Економијата не може да се развива, бидејќи нема да има директни инвестиции, изјави тој, додавајќи дека доколку една земја има лоша репутација, нема инвестиции.
Како последица на годините под притисок, годините на дискриминација и насилство кои ги преживеале Косовците во минатото, луѓето не се навикнати да прифатат дека треба да постои владеење на законот и правилата. Законите треба да се почитуваат, бидејќи во спротивно општеството не може да функционира како што треба, изјави Фејт.
Според него Косово не е уникатен пример, зашто тоа можело да се види низ целиот Балкан и пошироко во регионот. Тоа, додаде тој, било феномен за чие целосно исчезнување ќе треба време.
XS
SM
MD
LG