Достапни линкови

Критики до косовската влада од американскиот амбасадор


Косовската претседателка Атифете Јахјага

Косовската претседателка Атифете Јахјага

Американскиот амбасадор во Косово Кристофер Дел упати критики кон владата, бидејќи има нејзини членови кои не сакаат да се борат против корупцијата во земјата. Во интервју за една косовска телевизија тој рече дека претседателката Атифете Јахјага дала одличен пример во борбата против корупцијата.
Но според него, во косовската влада има луѓе кои повеќе сакаат да профитираат од корупцијата. Дел порача дека тие луѓе треба да се идентификуваат и да се исфрлат од институциите.
XS
SM
MD
LG