Достапни линкови

logo-print

Партиите во расправа за награда или улица во чест на Киро Глигоров


Пратеничката група на СДСМ до Собранието достави предлог за воведување на награда „Киро Глигоров", како највисоко признание за меѓународна афирмација на Македонија, заштитата на државните интереси, промоција на човековите права, демократијата, соживотот, долгогодишни остварувања во областа на науката и на другите државни приоритети и вредности на државата.
ВМРО ДПМНЕ реагираше дека по иницијатива на партијата, Град Скопје има донесено одлука улица во градот да го носи името на Киро Глигоров. Според соопштението, тоа е добар начин на почитување на ликот и делото на Глигоров.
XS
SM
MD
LG