Достапни линкови

Ни тетовскиот грав не е тоа што беше


Сеидба во Тетово.

Сеидба во Тетово.

Времето им ги смени плановите за работа на земјоделците во полошко. Но времето не им е единствен проблем, тие се жалат и на слабиот пласман на производите.

Временските услови ја одложија пролетната седиба во полошко. Поради снежните врнежи во февруари и ниските температури во првата половина на март, сеидибата во овој крај стартуваше со извесно задоцнување. Влажното време го оневозможи излегувањето на земјоделците на поле за работа со механизација, а се со цел подготовка на површините за пролетната сеидба. Земјоделците се едногласни дека времето им ги смени плановите за работа.
Некако се изора, ама не е како што треба. Снегот што вееше, имаше голем количина на снег, ама не допринесе за повеќе влага, како воопшто да не веело. Сега ораме, подготвуваме, ама ни недостасува воља, од лани ни остана непродаден компирот, ни стои во подрум, тој грав Тетовец некогаш имал вредност, сега го упропастија тие увозните, на секој грав пишува дека е тетовски, ама не е тоа тоа.

„Некако се изора, ама не е како што треба. Снегот што вееше, имаше голем количина на снег, ама не допринесе за повеќе влага, како воопшто да не веело. Сега ораме, подготвуваме, ама ни недостасува воља, од лани ни остана непродаден компирот, ни стои во подрум, тој грав Тетовец некогаш имал вредност, сега го упропастија тие увозните, на секој грав пишува дека е тетовски, ама не е тоа тоа.“

Земјоделците сега се на поле. Интензивирани се подготвителните работи и се вложуваат зголемени напори да се надополни загубеното време со цел успешно и целосно да биде реализирана програмата за пролетната сеидба во тетовско, изјави земјоделецот кој со својот трактор ги привршуваше работите околу подготовка на површините за пролетната сеидба.

„Од се сеам по малку, ама пласманот тешко оди.“

За пролетната сеидба во Тетово, според најновиот преглед на подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Тетово се планирани 11.339 хектари. Во структурата на пролетните посеви доминантно место имаат житните култури. Најзастапена ќе биде пченката со која здружено се сади и крупнозрнестиот грав Тетовец, за која се планирани 5.974 хектари. За градинарски култури во Тетовско се планирани 2.505 хектари. Во оваа група земјоделски производи ќе доминира компирот на 1.450 хектари. Со фуражни растенија ќе бидат насеани 2.308 хектари.
XS
SM
MD
LG