Достапни линкови

ЗНМ и се жали на ЕУ за застојот во дијалогот со владата


Архивска фотографија: Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи и евроамбасадорот Аиво Орав во Скопје.

Архивска фотографија: Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи и евроамбасадорот Аиво Орав во Скопје.

Владата и новинарите треба повеќе да поработат на дијалогот за надминување на забелешките нотирани во извештајот на ЕК за Македонија.

Некои рокови кои се однесуваат на дијалогот меѓу Владата и новинарите не се испочитувани и тоа е за жалење. Прашањата што ги засегаат медиумите се од особено значење за ЕУ и затоа ние толку одблиску ги набљудуваме, рече евроамбасадорот Аиво Орав по средбата со претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Навистина се надевам дека овој закон, дебатата за овој закон ќе ги опфати сите учесници, сите интересенти и дека на крајот ќе резултира со еден закон кој ќе биде сопфатен кој ќе биде прифатлив и почитуван од сите.
ЕК во својот извештај за Македонија наведе одредени забелешки за медиумите, како слободата на говорот и плурализмот на медиумите и токму во тој контекст за надминување на забелешките треба да работат владата и новинарите, рече Орав.

„Господинот Селмани ме информираше дека некои крајни рокови не биле испочитувани и секако тоа е за жалење.“
Дијалог ЗНМ-Влада

Дијалог ЗНМ-Влада


Што се однесува до законот за медиуми кој се подготвува, Орав вели дека роковите се важни но уште поважно е квалитетот на Законот што ќе се донесе.
Ние имаме согласност да се декриминализира клеветата и навредата, меѓутоа имаме одредени проблеми околку утврдување на надоместот за нематријална штета за клевета и навреда. Затоа што ако нашата идеја беше дека декриминализацијата е битна за да се елиминира самоцензурата кај новинарите ние се плашиме дека со високи надоместоци за матријална штета нема да се постигне оваа цел.

„Навистина се надевам дека овој закон, дебатата за овој закон ќе ги опфати сите учесници, сите интересенти и дека на крајот ќе резултира со еден закон кој ќе биде сопфатен кој ќе биде прифатлив и почитуван од сите.“

Претседателот на здружението на новинари, Насер Селмани се пожали дека владата не ги почитува роковите и дека треба да покаже поголема иницијатива, а не само декларативно да биде за дијалог со новинарите.

„Ние имаме согласност да се декриминализира клеветата и навредата, меѓутоа имаме одредени проблеми околку утврдување на надоместот за нематријална штета за клевета и навреда. Затоа што ако нашата идеја беше дека декриминализацијата е битна за да се елиминира самоцензурата кај новинарите ние се плашиме дека со високи надоместоци за матријална штета нема да се постигне оваа цел.“

Што се однесува до инфомарциите во медиумите дека парични казни за клевета и навреда се движат до неколку десетини илјади евра, Селмани вели дека тоа се само шпекулации.

ЗНМ бара владата да покаже поголема транспарентност и да ги вклучат новинарите во процесот на подготвување на новиот закон за медиуми.

„Досега тоа ние не го гледаме, се надеваме дека во наредниот период ќе им биде дадена можност на сите да го кажат нивниот став околу таа идеја. Ние немаме никаков проблем Владата да ја вгради европската директива во Законот за радиодифузија, за се друго очекуваме аргументација зошто треба да има нови содржини во тој закон.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG