Достапни линкови

На Кавказ најмалку деветмина загинати


Во судири со руската полиција во текот на изминатата ноќ биле убиени деветмина бунтовници во регионот на Ставропол, на рускиот дел на Кавказ. Агенцијата Интерфакс јавува дека полицијата извела две одвоени акции. Нема информации дали имало жртви и меѓу силите за безбедност. Овој дел на Кавказ постојано е цел на напади на исламски екстремисти.
XS
SM
MD
LG