Достапни линкови

Претседателот Иванов на средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, кој престојува во неколкудневна посета на Турција, денеска ќе присуствува на молитва во Цариградската патријаршија, по што ќе се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Иванов утре ќе се обрати на отворањето на 15 Евроазиски економски самит во Истанбул. На агендата на форумот в четврток е состанокот на претседатели, кој ќе се одржи во Измир. Иванов вчера се обрати и на конференцијата на Алијансата на цивилизации насловена „Балкански мир визија за иднината со поуки“. Пред повеќе од 200 учесници, Иванов упати пораки за мир и поголемо разбирање меѓу луѓето.
XS
SM
MD
LG