Достапни линкови

Велигден ги „дере“ граѓаните


Традиционално пред Велигден, цените на прехранбените производи драстично поскапуваат. Јајцата се продаваат и до 10 денари.

Велигденската трпеза за Македонија ќе биде поскапа за 20 до 30 проценти во споредба со вообичаената цена, покажуваат податоците на упатените. За разлика од други денови, цената на јајцата е повисока, а и на зеленчукот и овошјето. За празниците граѓаните најмногу подготвуваат јагнешко месо, кај кое засега е забележана редовната цена. Според проценките на граѓаните, основната потрошувачка кошничка за храна и пијалоци за четиричлено семејство ќе биде речиси 7 илјади денари.
Ние се раководиме спрема тоа што го имаме. Ќе скратиме овде, ќе скратиме онде, ама за да има од се по нешто, да имаме и благо, да имаме и јагнешко малку, да имаме и јајца да вапцаме.

„Ние се раководиме спрема тоа што го имаме. Ќе скратиме овде, ќе скратиме онде, ама за да има од се по нешто, да имаме и благо, да имаме и јагнешко малку, да имаме и јајца да вапцаме.“

„Еве гледаме јајцата уште па и ги нема, чекаат цена некоја, јас не знам што е.“

„Тенденција е кога повеќе се троши да биде поевтино, а кај нас е обратно. Навистина енормно поскапеа јајцата, еве јас кога купував последниот пат беа 71, а сега под 90-100 денари нема, за десет јајца.“

„Не сум рачунала, ама 5-6 илјади ќе чини, а за сите три фамилии да се спреми е многу.“
Навистина енормно поскапеа јајцата, еве јас кога купував последниот пат беа 71, а сега под 90-100 денари нема, за десет јајца.

Тогаш не е за чудење што трговците се загрижени што луѓето го ограничуваат купувањето. Има и такви кои велат дека погрешено се толкува и се користи како индикатор за поскапувањата моделот што го применуваат некои нивни колеги, зашто некои тоа не го прават.

„Има некои покачувања, некои работи, зеленчукот претежно, овошјето, кога се постите, нашите празници, секогаш е поскапо.“

„Патлиџаните се 110, а може ќе бидат и поскапи сега оваа недела околу празникот.“

Експертите сугерираат дека властите треба да преземат мерки за решавање на проблемот на растот на цените кој според нив нема економска логика. Ситуацијата дополнително ја усложнува и светската економска криза, а сега и високата цена на нафтата кои ја погодија и Македонија и предизвикаа зголемување на цените на бензините, на парното, струјата и основните прехранбени производи.

„Многу мал процент е учеството на нафтата во сето тоа, зашто таа перманентно и константно поскапува па нешто поевтинува, меѓутоа ова исклучиво е од страна на самите производители, односно трговци, не е коректно, но за жал државата не презема никакви мерки против оние што ги качуваат цените без основ“, наведува Драге Јовановски, експерт по трудово право.

Основната потрошувачка кошничка ја покрива празничната трпеза за четиричлено семејство за четири дена од Велипеток до вториот ден на Велигден. Велигденската трпеза веќе повеќе години во Македонија е поскапа во споредба со вообичаената цена.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG