Достапни линкови

logo-print

Форум за политичкиот дијалог меѓу младите политичари во Македонија


Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид денеска во Скопје организира форум на тема „Политичкиот дијалог меѓу младите политичари во Република Македонија“. На форумот се поканети претставници од 14 политички партии во државата кои ќе имаат можност јавно да дискустираат заедно со членови на Парламентот, експерти, лидери на партии и претставници на меѓународни организации. Покрај дебатата, во рамки на форумот предвидено е да се одржи и панел на кој 40-тина млади политичари од различни партии ќе ги претстават заедничките иницијативи кои ги работеле под раководство на Институтот Охрид.
XS
SM
MD
LG