Достапни линкови

Северна Кореа: завршени подготовките за лансирање на ракетата


Официјални претставници на Северна Кореа соопштија дека биле завршени сите подготовки за ланирањето на ракетата, планирано за оваа недела. На ретката прес конференција со странски новинари во Пјонгјанг денеска било потврдено дека лансирањето е дел од прославата на роденденот на основачот на Северна Кореа Ким Ил Сунг. Пјонгјанг инсистира дека станува збор за мирновременски вселенски проект, но Соединетите држави и Јужна Кореа сметаат дека тоа е провокација и непочитување на меѓународните обврски. Во меѓувреме, јужнокорејските медиуми јавуваат дека Северна Кореа подготвувала трета нуклеарна проба.
XS
SM
MD
LG