Достапни линкови

ОН и САД со осуда за пукањето од Сирија кон Либан и кон Турција


Обединетите нации и САД ја осудија Сирија поради истрелите од нејзина територија кон Турција и кон Либан. Во соопштението на ОН, генералниот секретар Бан Ки Мун „го осуди“ пукањето, додека портпаролот на американскиот Стејт департмент, Викторија Нуланд изјави дека Вашингтон е „апсолутно навреден“.

Претходно, во бегалски камп во јужниот дел на Турција, двајца сиријски и еден турски преведувач биле повредени од истрели од огнено оружје кои дошле од територијата на Сирија. Сириските активисти за човекови права велат дека војниците отвориле оган врз бунтовниците, кои се обидувале да избегаат.

Вчера исто така беше убиен и либански ТВ-новинар во близина на границата на земјата со Сирија. Истрелите дошле од сиријска територија.

Денеска е крајниот рок за сириските сили да се повлечат од градовите како дел од мировниот план на пратеникот на ОН и на Арапската лига за Сирија Кофи Анан. Во рок од 48 часа по повлекувањето треба да настапи прекин на огнот меѓу владините сили и бунтовниците.
XS
SM
MD
LG