Достапни линкови

Седум полицајци ранети во експлозија на бомба во Бахреин


Архивска фотографија: Антивладини протести во Бахреин.

Архивска фотографија: Антивладини протести во Бахреин.

Седум бахреински полицајци се ранети во експлозија на импровизирана бомба во предградие на главниот град Манама за време на протест за ослободување од затвор на политички активист кој два месеци штрајкува со глад. Портпаролот на министерството за внатрешни работи изјави дека демонстрантите ги гаѓале полицајците со молотови коктели со што ги принудиле да влезат во едно шиитско село кадешто експлодирала бомбата.

Бахреин завчера одби да го екстрадира затворениот бахреински политички активист Абдулхади ал-Хаваја, кој е и дански државјанин, и покрај барањето на Данска да го предаде поради неговото влошено здравје.
XS
SM
MD
LG