Достапни линкови

logo-print

Протести пред руската амбасада во Варшава


Архивска фотографија: Урнатиот авион на поранешниот полски претседател Лех Качински.

Архивска фотографија: Урнатиот авион на поранешниот полски претседател Лех Качински.

Се одржаа протести пред руската амбасада во Варшава, во пресрет на двегодишнината од загинувањето на поранешниот полски претседател Лех Качински. Присутните демонстранти тврдат дека авионската несреќа во која загина претседателот Качински и 95 други била атентат. Тие не веруваат дека падот на авионот на претседателот бил несреќа, како што заклучи истрагата на полските и на руските власти. Полските демонстранти запалија слика со ликот на рускиот премиер Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG