Достапни линкови

Јужна Кореја - Северот планира нуклеарна проба


Севернокорејски војник пред лансирна рампа за ракети.

Севернокорејски војник пред лансирна рампа за ракети.

Разузнавачките служби на Јужна Кореја соопштуваат дека Северна Кореја веројатно се подготвува за нуклеарна проба. Ваквите изјави се базирани врз основа на неодамнешните сателитски снимки на кои се гледа дека Пјонгјанг се подготвува да лансира ракета со долг дострел.

Вашингтон и сојузниците велат дека ваквиот потег е во спротивност со резолуциите на ОН и е параван за тестирање на балистички проектили.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Викторија Нуланд изјави дека не може да се потврди извештајот на Јужна Кореја, но рече дека ако е точно, дополнитело ќе следи изолација на Северна Кореја. САД ја повика Кина да ја притисне Северна Кореја пред да отиде предлакеу со плановите за лансирање на ракетата, што според извештаите би требало да се случи кон средината на април.

Вашингтон ја укина планираната помош во храна за Северна Кореја, како одговор на планираното лансирање.
XS
SM
MD
LG