Достапни линкови

Прогонетиот ирански престолонаследник бара Израел да не го напаѓа Иран


Прогонетиот ирански принц Реза Пахлави и неговата ќерка Иман која дипломирање на универзитет во САД.

Прогонетиот ирански принц Реза Пахлави и неговата ќерка Иман која дипломирање на универзитет во САД.

Прогонетиот ирански принц го повика Израел да не ја бомбардира неговата родна земја, туку да им помогне на оние кои се борат против иранскиот режим. Принцот Реза Пахлави, најстариот син на соборениот ирански Шах, во интервју за израелска телевизија, рече дека бомбардирањето на Иран од страна на Израел е во корист на исламскиот режим. Тој рече дека еврејската држава треба да ги стави своите „технолошки, економски и други ресурси“ на располагање на Иран.

Иран и Израел имаа добри односи пред Исламската револуција во 1979 со која беше соборен шахот. Земјите денес се лути непријатели, а Израел со своите западни сојузници го обвинува Иран дека се обидува да развие нуклеарно оружје.

Иран се закани дека со полна сила ќе одговори на секој напад од страна на Израел.
XS
SM
MD
LG