Достапни линкови

Музејот на Сталин во Грузија станува музеј на неговите злосторства


Отстранување на статуата на Сталин од центарот на Гори во 2010 година.

Отстранување на статуата на Сталин од центарот на Гори во 2010 година.

Грузија најави дека ќе го преуреди музејот посветен на починатиот советски диктатор Јосиф Сталин за да ги прикаже злосторствата извршени под негова власт. Грузискиот министер за култура Ника Руруа изјави дека неговата земја, која е независна од 1991 година, веќе не може да има музеј „што го глорифицира советскиот диктатор“. Музејот се наоаѓа во центарот Гори, родниот град на Сталин. Првпат бил отворен во 1937 година во екот на чистките во кои биле убиени стотици илјади луѓе, а милиони биле затворени.
XS
SM
MD
LG