Достапни линкови

Изгоре куќа на пет браќа во Тетово


Изгоре куќа во која живеат пет браќа од Тетово со повеќе од 20 членови на семејствата. Властите најавија помош.

Повеќе од 20 членови на семејства на петмина браќа од Тетово останаа без покрив над главата, откако пожарот ја изгоре нивната семејна куќа. За нецел час куќата на Екрем Зендели и неговите четворица браќа на улицата Гоце Делчев број 11 во Тетово беше претворена во пепел заедно со сета покуќнина од вкупно петте семејства. Огнот кој се појавил во приземните соби брзо се проширил низ сите други простории од куќата. Во моментот на избувнувањето на пожарот во куќата имало 21 член од семејствата Зендели. Среќна околност е што никој од нив не е повреден, изјави Екрем Зендели.
Пожарот го забележало детето на брат ми. Излеговме, видовме гори, нагоре се прошири огнот, излеговме надвор, не можеше ништо да се спаси, немаше шанси. Фала му на господ, барем луѓето се спасија.

„Пожарот го забележало детето на брат ми. Излеговме, видовме гори, нагоре се прошири огнот, излеговме надвор, не можеше ништо да се спаси, немаше шанси. Фала му на господ, барем луѓето се спасија.“

Повеќе противпожарни екипи учествувале во гаснењето на огнената стихија со што успеале да ги спасат околните прилепени куќи. Пред да пристигнат противпожарните возила соседите масовно притекнале во помош за да ги извлечат децата и другите членови од семејствата на браќата Зендели кои биле во сон.

„Интервениравме до пожарната, тие дојдоа брзо, ама огнот се прошири многу брзо. Немавме вода, немаше притисок, не можевме ништо да направиме“, вели еден сосед.

Градоначалникот на општина Тетово, Сади Беџети, заедно со претставници на Општината, ги посети семејствата Зендели, чии куќи беа опожарени во населбата Колтук. Беџети, имајќи ја предвид огромната материјална штета што е причинета од пожарот, им вети парична помош.

„Со нашите извештаи ќе имаме конкретен случај и ќе почнеме да работиме како општина и ќе се ангажирам и јас како градоначалник, па и јавните комуналните претпријатија и луѓето што работат во нашите организации да помогнат, заедно со општината да го решиме проблемот и да ги вратиме луѓето на нивните места“, вели Беџети.

Советот на општина Тетово на последната седница донесе одлука со која на секое од петте семејства Зендели ќе им биде доделена парична помош во висина од 15.000 евра. Помош за засегнатите семејства во пари, храна, ќебиња и хигиенски средства обезбедија и Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст на Македонија.
XS
SM
MD
LG