Достапни линкови

logo-print

Прочистените фрески - магнет за верниците


Црквата Свети Димитрија во Скопје денеска беше полна со верници дојдени да ги видат фреските кои, како што велат свештениците, ја враќаат природната боја.

Бројни верници од цела Македонија ја полнат црквата Свети Великомаченик Димитрија во Скопје, да го видат, како што велат од МПЦ, самопрочистувањето на фреските, кое протојереј Зоран Стаменковиќ од црквата Свети Димитрија го оцени како божјо чудо.
Јас мислам дека е божја работа, баш сега гледавме како се разбиструваат фреските, се наеживме, сигурно е некаков знак да се опамети народот.

Тој вели дека фреските почнале да ги враќаат природните бои, кои најмногу се враќаат на ореолите над насликаните светци, но и на дел од нивната одежда која е насликана со златната боја. Протојереј Зоран објаснува дека прочистувањето почнало во неделата на празникот Цветници од фреската Успение на пресвета Богородица на влезот црквата, а потоа и на другите фрески.

Верниците беа видно возбудени од тоа што го виделе во црквата.

„Не можам да кажам, возбуден сум, навистина не можам да го објаснам. Ова е нешто невидено за нас православните, не знам што да кажам, еве уште треперам.“
Ова е божји прст, божјо чудо, а чудата низ вековите се случувале, се случуваат и денес и понатаму ќе се случуваат. Господ на директен или на индиректен начин не опоменува нас луѓето. Сведоци сме дека денеска човечкиот род е во голем морален пад.

„Чудо, се чудам, мора да има некакво објаснување ама какво, ќе чуеме.“

„Чудо, некој феномен.“

„Јас мислам дека е божја работа, баш сега гледавме како се разбиструваат фреските, се наеживме, сигурно е некаков знак да се опамети народот“, велат анкетираните граѓани.“

МПЦ треба да соопшти дали ќе го објави прочистувањето на фреските како чудо, но протојереј Зоран Стаменковиќ од црквата Свети Димитрија вели дека ова е порака од Бога.

„Ова е божји прст, божјо чудо, а чудата низ вековите се случувале, се случуваат и денес и понатаму ќе се случуваат. Господ на директен или на индиректен начин не опоменува нас луѓето. Сведоци сме дека денеска човечкиот род е во голем морален пад. Сите морални вредности, она што е убаво, денеска човек да биде добар, да биде честит, да биде праведен во очите на денешниот свет ти викаат дека си прост, заостанат, а да се глупира човек, да прави незаконски работи тогаш е паметен, современ, за жал.“

Конзерваторите не сакаат да зборуваат јавно и велат дека нивен став може да се очекува, ако детално ги испитаат фреските за да може да утврдат што се случило. Црквата Свети Димитрија е преполна со верници, а фреските дојде да ги види и премиерот Никола Груевски.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG