Достапни линкови

Чудото во св. Димитрија привлече верници од цела Македонија


Верници од цела Македонија доаѓаат да ја видат несекојдневната појава на самопрочистување на фреските во скопската црква Свети Великомаченик Димитрија. Протојереј Зоран изјави дека додека се служела литургијата на иконата на Исус Христос на олтарот, на ширитите кои се со златна боја се појавила црвена боја. Според него, тоа се случило и на други икони на олтарот, кои изгледаат како да се водени, иако кога ќе се допрат се суви и не оставаат траги.
Протојереј Зоран, гледа на тоа како на божјо чудо и предупредување да мислиме малку повеќе на Бога.
Црквата вчера ја посети и поглаварот на МПЦ Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
XS
SM
MD
LG