Достапни линкови

ХРВ: сиријскиот режим егзекутира цивили


Хјуман Рајтс Воч соопшти дека сиријските владини сили деновиве егзекутирале стотина луѓе, најмногу од нив цивили. Во денешниот извештај на оваа организација се наведува дека имало неколку масовни егзекуции во бунтовничките провинции Хомс и Идлиб. Меѓународниот план за запирање на 13 месечното крвопролевање во Сирија се чини дека нема да успее откако владата на претседателот Башар ал Асад во последен момент постави нови услови за да ги повлече своите сили од опколените градови на 10 април.
XS
SM
MD
LG