Достапни линкови

Во Атина запалена зграда на министерството за управа


Запалива бомба била подметната во текот на изминатата ноќ во една од зградите на Министерството за управа во центарот на Атина, при што била предизвикана голема материјална штета. Ваквите напади во Грција зачестија, а полицијата ги обвинува анархистите кои се противат на мерките за штедење што ги воведе грчката влада со цел земјата да го добие финансискиот спасувачки пакет за да избегне банкрот.
XS
SM
MD
LG